Инфо - Вест

За гинекологот Дамчевски што лажеше жени дека се бремени Апелација му зголеми од 1,5 на две години затвор


Гинекологот Николче Дамчевски, наместо една и пол ќе треба да одлежи две години затворска казна е конечната одлука на Апелациониот суд во скопје. Нему му се судеше за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување на исправа. Судот му изрече и забрана за вршење на дејност во период од осум години.

Дамчевски во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.