Моја приказна

НЕ Е НАЈДЕНА ! Пет дена агонија во семејството на Вики


Пет дена семејството на 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, нема слушнато ни глас ниту има некаква трага каде може да е замината.

Контактиравме со нив ни рекоа кратко не е најдена. Семејството живее во агонија оти како што вели таткото барем гласот да и го чуеше. Но и тоа не невозможно, токму петокот кога исчезнала телефонот го оставила дома. Колку што знаат немала момче но сепак нејасно им е како може средбел ден да исчезне.

Последен пат е видена во петокот околу 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола, каде што учи и од тој моменти се губи секаква трага. Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.

Полицијата работи на терен но засега нема никакви резултати.