Судови

Јордан Мијалков ме унапреди, а Сашо ме деградира


Ѓорѓи Лазаревски, свиркачот кој заедно со колегата Звонко Костовски ја открија аферата со масовното прислушување во УБК, во моментот сведочи во Кривичниот суд на рочиштето за “Таргет и Тврдина”. Тој ќе каже детално како УБК 7 години прислушкувало. Судењето се одлагаше долго време поради чекањето на екстрадиција на двајца обвинети од Грција, но бидејќи грчкиот Врховн суд одби екстрадиција, судскиот процес во Скопје продолжува со сослушување на сведоци. Во рпедметот се наведени 100.

Пред да почне со испршувањето, обвинителот Трајче Пеливанов како Лазаревски станал сведок.

-Во септември 2016 година го викнавме во својство на сведок, иако во тој момент беше обвинет во “Пуч”. Неговиот исказ е распослан на 36 страници, а поврзан со целата афера со прислушувањето. Поминавме заедно 30 часа, а по два месеца ја отворивме истрагата “Таргет”.

Лазаревски на барање на обвинителот сведочењето го започна со својата биографија. Тој кажа дека првото унапредување го добил од министерот Јордан Мијалков, а првото деградирање го добил во 2006 година од Сашо Мијалков и тоа како што рече бил вратен на ниво на почетник.