Регион

Мафијаш држи заложници во пошта во Италија


Маж вооружен со нож упаднал во пошта во северна Италија, каде држи заложници, неколку дена откако добил 19-годишна затворска казна за поврзаност со мафијата.
Италијанската новинска агенција ANSA и SkyTG24 објавија дека напаѓачот идентификуван како Франческо Амато ги ослободил сите муштери во поштата во Пјеве Модолени, како и еден вработен, но уште држи четворица вработени како заложници.

ANSA објави дека Амато бара да разговара со италијанскиот министер за внатрешни работи.

Тој е еден од вкупно 125-мина обвинети кој беше осуден минатата недела во регионот Емилија како дел од случајот за вмешаност во мафијашката групација за организиран криминал Ндрангета од јужна Италија, за активности во овој регион.

Амато наводно извикувал „Осуден сум на 19 години“ кога влегол во поштата.