Судови

Случај Титаник: Гласачите од Пустец биле испечени од сонцето па ќе се препознаело дека не се од Центар


Билјана Бришкоска Бошковски била одговорна и главна за гласачите од Пустец кои гласаа во општина Центар на локалните избори во 2013 година. Ова се дозна денеска од бомбите кои се слушаат за случајот на СЈО за изборни нерегуларности. Освен од Пустец во оваа општина гласале и луѓе од други градови и општини и се во организација на Миле Јанакиески , Јанушев и Бришковска.

-Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат Македонски, вели Јанакиески.

-Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. По литературно зборуваат од Стојан Андов, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Џентар.

-Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето”, му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.

Во друг разговор меѓу Јанакиески и актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, тогаш вработен во Министерството за транспорт, Јанакиески му наложува да се јави во авиокомпанијата Визер и да обезбеди два авиона од странство со гласачи за Кичево.

-Јави се во Визер. Ако не, јас да се јавам!, вели Јанакиески, на што Јанушев му одговара: „А бе нема слободни линии, чартер се овие“.

Во телефонскиот разговор се слуша Јанакиески: „300 од Тревизо, 120 од Швајцарија, и да ги обезбедиш!“.

foto : pozajmeno od net (nema avtor)