Инфо - Вест

Унијата за превенција од хулиганизмот и самоволието во мото сцената


Со оглед на состојбата на мото сцената во Македонија и непочитување на клубската мото култура како и непочитувањето на кодексот на однесување на поедини клубови и поединци, на ден 1-ви ноември 2018 година беше формирана „Ем-Си унија“ со инцијатива на ем-си клубовите:

Potfat MC – Македонија
Ноќни Волци МГ – Македонија
Lowlanders MC – Македонија
Gremium MC – Македонија
Steelwings MC – Македонија
Dardanians MC – Македонија

Целта на формирање на Ем-Си унијата е превенција од хулиганизмот и самоволието во мото сцената на територијата на целата држава. За понатамошното работење на Ем-Си унијата ќе бидат запознаени сите клубови, и сите индивидуи кои се поврзани со мото културата.

извор: motori.com.mk