Фото

Воз удри во автобус има повредени


Две лица се здобиле со повреди во железничка несреќа која се случила вчера околу 10:15 часот во село Свиларе.

Од полицијата информираат дека на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско.

-Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.

фото: позајмено од прилог на тв21.мк

1 Коментар on Воз удри во автобус има повредени

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *