Моја приказна

Ченто останува во притвор со понудени 600.000 евра и болно бебе дома


Апелациониот суд одлучи да не му го укине притворот на Јане Ченто еден од обвинетите за случајот 27 април. Тој е во притвор во истражниот затвор во Шутка од каде беше пуштен но повторно, како што тврди судот, поради напушање на куќниот притвор е вратен во Шутка.

Образложението на Апелациониот суд е напишано на шест страни во кои се дава детали околку неговата жалба и но образложението дека доколу биде пуштен обвинетиот Ченто останува опасноста да побегне.

Ова е втора гаранција и е меѓу највисоките понудена за овој случај и изнесува околу 600 000 евра. неговиот бранител образложил дека со помали гаранции за истиот случај биле пуштани обвинети но за Ченто судот не сака да прифати иако тој е редовно вработен, има засновано семејство и со гаранцијата потврдува дека нема намера да бега.

Интересно е дека во образложението на судот токму овие елементи се наведени но и дека Ченто има мало бебе со здраствени проблеми. Исто така пишува дека судот знае дека детето е предвреме родено и има потреба од грижа од родителите но и дека кога се случи недоразбирањето околу неговото наводно напуштање на куќниот притвор тој сам се пријавил во полиција и бил вратен во Шутка. Но сето ова за судот сепак не е доволно да дозволи Ченто да се брани од куќен притвор или слобода.

Интересно претседател на судскиот совет е судијата Јани Нича кој е поборник за кратки притвори и пишуваше книги околу потребата и недостатоците на долготарјните притвори.