Моја приказна

Од Авганистан до Босна со неподвижната полусестра на грб


Според официјалната евиденција во Босна и Херцеговина влегле околу 20.000 мигранти.

Меѓу нив се и Јунус Зазаи од Авганистан и неговата неподвижна полусестра Дурдана. На патување на “Балканскиот пат” Јунус неговата сестра буквално ја носи на грб, но сега се “заглавени” во Босна и Херцеговина, и тие не можат да го продолжат во Франција.

Според локалните медиуми двајцата се обиделе да ја преминат границата десет пати и да влезат во Хрватска, односно на територијата на ЕУ, но не успеале. Кога граничната полиција ќе ги забележи Јунус и сестра му не се во можност да избегаат па затоа се вратиле во хотел се уште престојуваат други семејства мигранти.

“Бевме избегани од Авганистан, каде што е многу тешко да се живее. Нема училиште, нема работа, нема пари, нема храна. Талибанците и исламски екстремисти се насекаде, тоа не е живот за нас и ние сакаме да одиме далеку “, раскажувал за медиумите Јунус.

Нивната дестинација е Франција каде што живеат родителите на неподвижната девојка. Родителите на Јунус се
уште се во Авганистан, каде што, најверојатно, со нетрпение чекаат вести од нивниот син.

“Никогаш нема да се одвојам од Дурдана, ѝ треба мојата помош”, вели овој храбар млад човек.

За него таа не е товар но моли надлежните институции да помогнат да се стапи во контакт со родителите на девојката за може некој од нив да дојде и да ги земе и двајцата.