Инфо - Вест

Го тепал татко му за пари , полицијата му најде марихуана


Велешанец со иницијали М.Ќ. бил приведен во полициска станица откако бил пријавен дека го тепа татка си. Според полицијата, додека неговите родители биле во куќата на неговата баба, М.Ќ. дошол, почнал да вика и да им се заканува дека ќе ги убие ако не му дадат пари. Во еден момент се нафрлил на неговиот татко, а скршил и дел од покуќнината.

Подоцна при претрес во неговата соба полицијата нашла големо количество марихуана.

„Врз основа на судска наредба, полициски службеници излегле на местото и извршиле претрес во куќата на улица „Тодор Јанев“. Притоа, во собата каде престојува М.Ќ. било пронајдено едно поголемо најлонско пакување со марихуана, кое било одземено и дадено на вештачење. Во собата било затекнато и лицето Ѓ.Б.(29) од Велес и при преглед кај него било пронајдено едно пакување со марихуана, кое исто така било дадено на вештачење. Двете лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.