Локумна

Шут гооол


До менаџерот било не до квалитетот. Така денеска се избра претседател на судот. Честитки до фубалерот па како што рече еден член на судскиот совет ќе видиме дали ќе биде шут гол или голот нема да важи офсајд друже. Штрумфета ја мислевме ќе се закити но ете можеби ќе оди нагоре сепак таму е конечната одлука за се. А да и приказната за неа не ја заборавив ќе биде наскоро… Овој пат не се ни гласаше за неа оти беше последна на список по бодови. Но ако ќе има таа доста работа да ја реформира УБК  И се зачудив, чекај нели бодовите успешноста на судијата се предимство за неговиот квалитет? Но како што денес разбрав менаџерството било главно па тогач чуму бодовите? Ама ајде секој има право на шанса , па ќе видиме кој е всушност менаџерот кој со кого уште синоќа славеше победа и каде.
И така си размислувам кој се кај нас дели правда и се присетив на еден мој предмет.
Пред неколку години токму пред судот ми украдоа таблици од автомобилот. Стигна предметот до судница кај една мислиш фина, а у суштина досадна оток судика оти од шо не знае, се што има во закон препишува на записник. Ги фатија некои дечки од Арачиново краделе и правеле лажни нотарски договори. И оп едниот, како сега нели музичарот битолчананецот што треба да оди на турнеја во Автралија , така и од моиве имал работа па дај ај друг ден судење. Прифати оваа досадната и одложи. Повеќе ни судница, ни обвинети, ни таблици видов. Но затоа едни фини дечки ми дојдоа дома и ја браа колата дали ја продавам и каде ја чувам да ја виделе. Ама нејзе ја гледам и се секавам како таа се погледнуваше со арачиновциве. Е тоа е секој се гледа и гледа таму кај што не му е место и од многу гледање ќори излегоа. Гледам и околу мене да видиш да не веруваш мислиш интелектуалци паметни ама замаени од вешти лажговци. Па ете може менаџерот да провери што е со мојот исчезнат предмет на пример.
Гледам актуелно е ова со акцизата со трите денари. И треба да е. До акцизата и трите денари стигнаме? Буџетот ќе го реши и нема да божем нема да има труење во градов. Еве една проста анализа ја направи еден мој близок бизнисмен бидејќи нели министерот не направи неписмени, не е прв и судиите и адвокатите и веќе кој ќе стигне не прави нас неписмени ако нештата не му одговараат.
Во моментов, со нај ниската цена на дизелот во однос на соседните држави, во пограничните градови Крива Паланка, Делчево, Гевгелија,Дојран, Битола има неверојатна навала од соседните земји за купување на гориво кај нас. Идејки овде странците купуваат и многу други стоки кои се поефтини од колку кај нив. Споменатите градови живнаа од ваквата трговија. А и за државата не е лошо оти практично врши извоз по нај високи цени (малопродажни заедно со ДДВ). На тој начин (со зголемен обем на продажба) и приливот на пари во буџетот е поголем. Ако цените се изедначат ништо од сето ова. Смалената продажба значи и помал прилив во буџетот. Повисоки акцизи но помала продажба и масата на пари која се планира да се собере нема да се оствари а може и сегашната да се намали. За трговците пак ќе биде трагедија. Се сеќавате на времето кога во нашите фри шопови драстично се зголеми акцизата на вискито? Државата планираше да собере повеќе пари, арно ама после тоа не се продаде ни едно шише. Настрана од разните политички коментари, само од економски аспект мислам дека државата и народот ќе бидат во загуба. А возилата во градот ќе се возат како и сега оти нема алтернатива за превозот. Ќе се намали патувањето на поголеми дестинации но тоа нема да го намали загадувањето.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *