Локумна

Димче пуф пуф транс


Поскапува водата. Кому му е гајле? Ќе се менува Законот за пушење….ееее ова е за дебата. Гледам сите се насекирале, коментираат, кажуваат кој колку цигари пуши, кој како му смета или не. Телевизиите прилози весниците анализи скоро секој ден. До цигарчето дојдовме? Се е друго ТОП е уште тоа остана. Па чекајте малку, зар ние дебатираме за це витамин или за тутун мешан со ароми и се знае што следува, кој фати фати кој куртуи куртули. Да е пура или права цигара е тогаш можеби е маааалку поинаку.
Но да се вратиме на нашиве цигарчиња.
Прва работа на пратениците , кога ќе завршат изборите, ќе им биде Законот за заштита од пушење. Не е лошо законите да се менуваат, дотеруваат, прилагодуваат според стандардите ама кои? На кафанџиите или на Светската здраствена организација.
Баш на оваа тема се изначитав и на ФБ зборував со пријатели и всушност ние констатиравме дека актуелниот Закон и не е така лош. Што недостасува? Секако хроничниот наш проблем контрола, но и поголема ангажираност од сопствениците на локалите. Мојата генерација од диско не излегуваше, ама до толку на цигари никогаш скоро не корневме, оти? Оти дискотеките и кафичите под земја, во подруми имаа одлична вентилација, одлични тајфуни. Сега кафеаните и софрите се во мода, но што па има храната и цигарата заедничко за да се двои, па да не се пуши каде што се јади. Баш напротив алкохолот и цигарата секогаш биле добро друштво.
Само со добра вентилација нема да мириса ама баш на ништо ниту пак чадот ќе се гледа и чувствува. Еве мене на пример ужасно ми смета кога ќе излезам од кафеана и со мене по јакните, блузите и тазе фенираната коса ќе си го земам и мирисот на прегорено масло и чадот од кафеаната и мирисите од целото мени. Та за цигарата било проблем ако некој пуши дур другиот џвака.
Но некако луѓево изгледа се уште се во транс од изборите па и законот за цигарче го направија топ дебата.
Ами водата, ај што поскапува но што со онаа вода од која пола Гостивар има пролив и се бара кревет плус на Инфективно одделение? Дали ова е приоритетно и алармантно за решавање и подигање на јавноста , оти на сите може да ни се случи и ни се случува под превезот на стомачен вирус од масовни размери.
Ами струјата , ами каматите в банка , ами децата в школо. Не сакам да кажам ами болниците на кое дерече се ???
Ова лудило некако личи на димче транс , тргање димче со цигарата в уста и ај дебата и сите се знаеме, а со битното и суштинското не се занимаваме. И она пред врата стоење и пушење дали од фирма излезени на пауза или од кафана сеедно личи на се само не на ред и закон и некое човечко достоинство. Колку што разбрав тоа во Законот си останува или грешам?
На крај ќе завршам со една порака која ја испрати моја почиутувана колешка: “За жал, многумина од нас – се никотински зависници. Ако сметате дека не треба да комуницираме едни со други, напикајте не’ во гетоа, па да се поздравиме”.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *