Регион

ВИДЕО : Пица на вода, Венеција плива


Venice, NE Italy today

Life goes on in Venice. Even at high water. Video: @Simone Sciascia

Posted by Severe Weather Europe on Monday, October 29, 2018

Венеција градот на вода од вцера е буквално под вода. Нивото на водата е качено неколку сантиметри и делови од градот се под вода. Хит во светот стана овој ресторан кој служи пица а келнерите послужуваат во чизми за вода. Иако градот плива на сите страни од вода, тоа не е пречка рестораните да работат и да се преполни со гости.
Три четвртини од Венеција се под вода, откако градот го преплави исклучително висока плима. Големи делови на Италија исто така се соочија со поплави изминативе денови, при што загинаа четири луѓе.
Туристите и жителите мораа да облечат високи чизми за да можат да се движат по улиците на Венеција, откако силните ветрови го кренаа нивото на водата на 156 сантиметри, при што властите привремено го укинаа водниот автобуски сообраќај.
Венеција вообичаено се поплавува кога силните ветрови ја туркаат водата од лагуната, но во понеделникот беше забележано највисоко ниво на вода од 2008 година.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *