Регион

Актерката од „Село гори, баба се чешла“ пронајдена мртва – нејзиниот вереник се бори за живот


Плејбој зајачицата и епизодната актерка во серијата „Село гори, баба се чешла“, Ивана Млаџовиќ е пронајдена мртва во станот на својот пријател.

-Двајцата се предозирале, Ивана докторите не успеале да ја спасат, додека состојбата на нејзиниот вереник е стабилна. Од него успеале да ја извлечат целата супстанца од телото – пишуваат српските медиуми.

Точната причина за смртта на Ивана Млаџовиќ ќе биде познат денеска, кога ќе стигнат резултатите од обдукцијата.

Како што пренесуваат медиумите, Ивана последниве неколку години живее во Крагуевац, каде како што велат соседите, едно време држела салон за убавина.

фото инфо: српски медиуми

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *