Инфо - Вест

9 повредени во тешка сообраќајка на македонски автобус во Австрија


Деветмина патници се повредени, oд кои три потешко во судирот меѓу автобус и камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Најверојатно се работи за македонски автобус, но МНР се уште нема излезено до информација. Автриските медиуми пишуваат дека во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре. Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *