Инфо - Вест

АНАЛИЗА: Еден пожарникар работи како за двајца , недостасуват најмалку уште 500 за ефикасна заштита на населението


Пишувавме за платите на пожарникарите и колку изминативе години општините им ускратиле од парите кои им следувале по закон. Но проблем не се само платите на Пожарникарите – спасители во Македонија има и многу други организациони и статусни проблеми кои ги мачат пожарникарите за кои јавноста не знае, а dosie.mk како што и најави ќе информира.
Прво и основно прашање кое се поставува е зошто никој не се повикува на одговорност поради непочитување на законот за пожарникарство член 6 кој ја пропишува минималната законска пополнетот на ТППЕ во Македонија.
Пополнетоста на ТППЕ во државава е голем проблем кој во себе содржи два аспекти ,едниот е безбедноста и здравјето на самите пожарникари – спасители зошто во овој момент еден пожарникар работи како за двајца, а вториот можеби и поважен аспект е заштитата на населението односно граѓаните од пожари и други незгоди која е загарантирана уставна категорија , зошто намалениот број на пожарникари – спасители може адекватно да се одрази на квалитативното извршување на работните задачи.
Кога зборуваме за пополнетоста на ТППЕ во Македонија мораме да ги земеме податоците од 2005 год кога истите преминаа од МВР под локална администрација односно под општините во Македонија со податоците од денес кои само ја покажуваат реалната слика на состојбите со пожарникарството и заштитата на граѓаните од пожари и други несреќи.
Во 2005 год. локалните самоуправи од МВР преземале 792 пожарникари во 29 ТППЕ и градот Скопје како посебна територијална единица во Р.Македонија. Треба да се напомене дека во 2016 година во Република Македонија има 869 пожарникари во 32 ТППЕ и градот Скопје како посебна територијана единица во Македонија за кои мораме да напоменеме дека во овој момент се уште помалку.
Само за илустрација во 2016 година во БППЗ на град Скопје имаше 225 пожарникари – спасители, а во овој момент се помалку од 200 .
Со измените на Законот за пожарникарство чл. 6 од истиот во 2013 година се уреди дека на 1500 жители има еден пожарникар , што значи дека според пописните податоци од 2002 кои се во сила во Република Македонија треба да има 1377 пожарникар – спасител односно во Македонија, а има околу 500 пожарникари – спасители помалку .
Само за илустрација во БППЗ на град Скопје според постоечката систематизација на работни места во БППЗ на град Скопје треба да се 385, а моментално се помалку од 200.
Затоа се поставува прашањето дали некој си игра со безбедноста и здравјето на самите пожарникари и на граѓаните , дали некој во оваа држава се грижи за оваа служба или пожарникарите – спасители кои се оставени на локалните моќници ( градоначалници ) кои сите овие години немаа и немаат слух за каква таква пополнетост односно вработување на нови пожарникари што е нивна е законската обврска за прием на нови пожарникари . Тука мора да се напомене и тоа дека се назначуваат раководители односно Командири на ТППЕ граѓански лица кои немаат допирни точки со професијата при тоа кршејќи го Законот за пожарникарство. Сето ова доведува до загрозување на безбедноста како на самите пожарникари – спасители така и на самите граѓани.
Овие запрепастувачки податоци го креваат алармот дали е време државата да интервенира во оваа сфера. Дали е потребна некоја друга стратегија на организираност на оваа служба оти податоците се поразителни и водат кон заклучокот дека општините и општинската администрација немаа капацитет да ја организираат и опслужуваат оваа хумана служба.
Кога веќе Македонија е во предворјето на НАТО и ЕУ пожарникарството е една од наважните професии и ПП заштитата и единиците се важен сегмент на НАТО структурата.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *